Мицкоски: Се следи состојбата со цените на горивата, мерките остануваат на располагање

Се следи состојбата со цените на горивата, ќе видиме како ќе се одвива, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој напомена дека економските мерки остануваат на располагање, но не кажа дали ќе се активираат. Како што истакна Мицкоски одговорајќи на новинарски прашања, Македонија има убедливо најниска цена на горивата и успеа во јуни да има најниско ниво на инфлација од сите држави во регионот. - Живееме во прилично предизвикувачо време, имаме две сериозни војни. Според последните информации, војната во Залиот повторно се разгорува. За нас е предизвик да имаме навремено и доволно снабдување на граѓаните и бизнисот со енергенси. Обезбедуваме и за луѓе од соседството кои купуваат гориво тука. Статситички, имаме убедливо најниска цена на горивата, бензините и дизелот кои се берзански производи и не зависат од претприемачката логика или од политиката на Владата. Сите од иста берза купуваме, но процесот е како го менаџираме од тој момент, додека го користат граѓаните, Тој сеир ќе го оставам на тие што уште живеат во политчкото мочуриште, како опозицијата и поедини структури кои во Битола се обидуваат од публика да креираат јавно мислење и кои, кога можат да направат нешто, не само што ништо не прават, туку и уназадуваат. Тие секогаш ќе останат…


