klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови, очекуваме бројот да достигне до 3,5 милиони патници

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови, очекуваме бројот да достигне до 3,5 милиони патници
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·29. 06. 2026. 11:05:06

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на ефектите на субвенциите во авио сообраќајот, последните информации од страна на вицепремиерот дека се очекува 3,5 милиони патници во Македонија годинава, дали овој фонд ќе се зголеми и дали се разговара со „Визер“ за продолжување на оние сезонски летови до Сардинија и Сицилија, за коишто има голем интерес ова лето, изјави: „Политиката на субвенционирање на авиолинии и отворање на нови, продолжува. Отворивме неколку, десетици такви би рекол, во изминативе две години и тоа е резултатот. Бројката оваа година очекуваме да достигне до 3,5 милиони патници. Веќе двоцифрен број проценти аеродромите забележуваат зголемување. Во одредена мера, да речеме скопскиот имаше и до 30% зголемување споредено со истиот период од минатата година. Така што продолжуваме со оваа политика на отворање на нови авиолинии и онаму каде што има интерес ,како што вие ги споменавте дестинациите, продолжуваме со поддршка на тие линии. За нас тоа е многу важно и како држава планираме да бидеме регионален хаб од каде што ќе може да се поврзат граѓаните од регионот со останатите дестинации во Европа, па зошто да не и во светот. И она коешто сакам да кажам, во услови…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti