klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Мицкоски: Продолжуваме со инвестиции за граѓаните, во Македонија над 1.200 активни градилишта

Мицкоски: Продолжуваме со инвестиции за граѓаните, во Македонија над 1.200 активни градилишта
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·01. 08. 2026. 12:03:54

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска во Дебар присуствуваше на пуштањето во употреба на новиот станбен објект и доделувањето на клучеви за социјалните станови на семејства од ранливите категории. Мицкоски истакна дека за него претставува посебна чест што има можност симболично со доделувањето на клучевите на едно семејство да го означи почетокот на користењето на новиот станбен објект. -Им посакувам многу среќа, здравје и што подолговечно да ги користат овие домови. Нека им бидат мир, спокој и утеха тогаш кога им е најпотребно, порача премиерот. Тој нагласи дека Владата ќе продолжи и во периодот што следи со реализација на проекти за граѓаните и дополнителни инвестиции во социјалното домување. -Ние како Влада се обврзавме дека ќе реализираме проекти за граѓаните. За жал, нешто што со децении било запоставувано не може да се реши преку ноќ, но се трудиме да ги реализираме приоритетите, да не создаваме нови проблеми и постепено да ги решаваме наследените предизвици, изјави Мицкоски. Премиерот посочи дека еден од таквите предизвици е токму овој објект во Дебар, но и останатите проекти кои се реализираат во општината во соработка со локалната самоуправа и надлежните институции. Тој се заблагодари на директорот и тимот кој работел на реализацијата на проектот, на градоначалникот…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti