Мицкоски: Преку релокација на средства од централниот буџет до реализација на 1200 проекти во општините

Преку политиката за поддршка на општините и релокација на средства од централниот буџет кон општините реализирани се голем број инфраструктурни проекти, дел од нив се отпочнати, дел се во фаза на изработка...Станува збор за околу 1.200 проекти, нешто до сега што се нема случено. Кога на тоа ќе се додадат и сите останати капитални инвестиции доаѓаме на навистина импресивен начин на водење и реализација на капиталните инвестиции. Тоа денеска го истакна претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, кој заедно со вицепремиерот и министер за трсанспорт и врски, Александар Николоски, и градоначалникот Златко Сиљаноски, извршија увид на градежни активности на реконструкција на два локални патни правца во селата Мешеишта и Волино во Општина Дебрца. - Добро е кога се работи, добро е кога се пуштаат проекти, добро е кога се отпочнуваат проекти...Кога овие проекти ќе ја добијат својата финална контура, го добијат оној облик којшто очекуваме да биде тогаш драматично ќе се подобри квалитетот на животот и додадената вредност во рамките на животот на сите граѓани, рече тој, заблагодарувајќи се на градоначалникот, општинската администрација, пратениците од регионот, министерот за нивната посветеност во делот на реализаицја на проектите од инфраструктурата.
Povezane vijesti

Vlada: Južnokorejska kompanija se povlači iz postupka za dodjelu koncesije za Aerodrome Crne Gore

НЕ МОЖЕ ДА Е ОД ХРАНАТА: Нема прогласување на епидемија во Гостивар сè додека не се утврди причината
