klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Мицкоски: Повторно лоша вест за опозицијата, НЕМА НИ ОВАА ГОДИНА ДА БАНКРОТИРАМЕ

Мицкоски: Повторно лоша вест за опозицијата, НЕМА НИ ОВАА ГОДИНА ДА БАНКРОТИРАМЕ
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·20. 07. 2026. 10:32:27

Премиерот Христијан Мицкоски очекува солиден раст на БДП, реализација на капиталните инвестиции и начинот на кој, и покрај предизвиците и надворешните фактори, ја консолидираат македонската економија. Верува дека доаѓа времето кога граѓаните ќе ги почувствуваат резултатите од целата работа. Вели дека повторно има воени дејства од големи размери во Персискиот Залив и повторен раст на цените на нафтата и нафтените деривати на светските берзи, што, како што нагласува за Владата, претставува предизвик. - Денеска, на владина седница, на вонредна владина седница, ќе ја продолжиме кризната состојба и во рамките на оваа кризна состојба ќе ги намалиме акцизите за безоловните бензини и за дизел-горивата, со што колку-толку ќе влијаеме позитивно за граѓаните, а негативно за цената, бидејќи таа ќе се намали. Очекувам да продолжиме и понатаму да бидеме со убедливо најниска цена на бензините и на дизел-горивата - рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по посетата на општина Велес. Премиерот нагласи дека голем дел од инвестициите веќе почнува да се реализира и оти следните месеци граѓаните ќе имаат можност да бидат сведоци на сите овие проекти. - Очекувам и во вториот квартал да имаме солиден раст на бруто-домашниот производ имајќи предвид дека во април градежништвото беше над 40 %, трговијата…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti