Мицкоски: Потврда од Брисел дека сме први во испорака на реформите, продолжуваме со несмалена динамика

Премиерот Христијан Мицкоски денеска имал онлајн-состанок со директорот на Директоратот за соседство и проширување на Европската комисија, Герт Јан Копман, на кој се разговарало за законите и реформските чекори што треба да ги преземе државата до декември годинава во рамките на евроинтеграцискиот процеS Премиерот Христијан Мицкоски денеска имал онлајн-состанок со директорот на Директоратот за соседство и проширување на Европската комисија, Герт Јан Копман, на кој се разговарало за законите и реформските чекори што треба да ги преземе државата до декември годинава во рамките на евроинтеграцискиот процес. Мицкоски денеска на новинарско прашање оцени дека државата продолжува да ги исполнува обврските, како и дека со исклучок на Изборниот законик, кој, потенцира, „поради познати причини, во јавноста не е донесен“, другите чекори за реформските законски решенија се исполнети. - Од оние што беа во „грејс-период“, остана само Изборниот законик, сè друго е завршено. И од оние што се во редовна процедура, најголемиот дел е завршен. Денеска имавме состанок преку онлајн-врска со Брисел и со господинот Копман. Разговараме веќе за законите и реформските чекори, кои се во „грејс-период“ до декември оваа година и кои се во предвидениот рок од декември годинава. Продолжуваме со несмалена динамика да испорачуваме. Денеска, од нивна страна добивме условно кажано…

