klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Мицкоски: Поопасно од секоја криза е моментот кога народ ќе престане да верува во себе, наша задача е да ја вратиме довербата дека државата му припаѓа на нему

Мицкоски: Поопасно од секоја криза е моментот кога народ ќе престане да верува во себе, наша задача е да ја вратиме довербата дека државата му припаѓа на нему
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·02. 08. 2026. 10:53:07

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во своето обраќање по повод одбележувањето на националниот празник 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, нагласи дека поопасно од секоја криза е моментот кога еден народ ќе престане да верува во себе и нагласи дека нивна најголема задача во моментов не е само да управуваат со институциите, туку повторно да изградат доверба, чувство дека оваа држава повторно му припаѓа на народот, дека законите важат еднакво за сите. -Дека чесниот човек нема да биде последен. Дека трудот ќе биде награден. Дека знаењето ќе биде почитувано. Дека младите нема да бидат принудени да ја бараат својата иднина далеку од домот, туку ќе ја гледаат токму овде, во Македонија. И затоа, кога велиме непокор, не мислиме само на непокорот на револуционерите од 1903 година. Мислиме и на непокорот против ваквите луѓе создавачи на тој талог, непокор против криминалот, против неправдата. На непокорот против лидерот на опозицијата кој мисли дека државата е нивен приватен плен. На непокорот против секој обид да се обесхрабрат чесните луѓе. На непокорот против секој што сака да ја убие вербата дека Македонија може да успее. Затоа што вистинскиот непријател на секоја држава не е само оној што ја напаѓа однадвор - рече Мицкоски.во обраќањето…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti