klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Мицкоски по силното невреме: Штетите ќе се рефундираат од надлежните институции

Мицкоски по силното невреме: Штетите ќе се рефундираат од надлежните институции
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·22. 07. 2026. 10:01:01

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, а во врска со вчерашното невреме, истакна дека градоначалниците со нивните тимови и претпријатија излегоа на терен и ги санираа штетите. -Санацијата по епското невреме продолжува и денеска. Штетите ќе се констатираат и согласно закон и искуство од минатото, ќе биде од страна на надлежните институции сето тоа рефундирано, посочи премиерот. Додаде и дека Владата има механизми за помош, како и во секоја елементарна непогода. Во вчерашното невреме лекарска помош побарале 33 лица (вкупно од Ургентен клинички центар и Универзитетска Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски”). Оштетувања се регистрирани на објекти од витално значење за државата. Во вчерашното невреме, како што информираше МВР, оштетени се и објектите на Основното јавно обвинителство, комплексот „Вила Водно“, Аеродромската полициска база Петровец, објектот „Нова Македонија“, како и објектите на Министерството за финансии, Министерството за земјоделство и Јавното обвинителство. Оштетувања има и на ГОБ „8 Септември“ и штипската болница.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti