Мицкоски: Опозицијата нека свика експерти и нека се усогласи за Изборниот законик, владината коалиција е веќе усогласена

Премиерот Христијан Мицкоски денеска апелираше до опозицијата на одговорност и на зрелост, посочувајќи дека владината коалиција е усогласена за Изборниот законик, додека од опозициските партии очекуваат текст со предлози за кои вели дека бланко ќе бидат прифатени. Коментирајќи го предлогот на претседателот на СДСМ Венко Филипче да се формира експертска група за Изборниот законик и за гласањето на дијаспората, Мицкоски вели дека според неговото искуство и во животот и во политиката ако сакате некоја работа да не се заврши тогаш формирајте група или комисија и тогаш работата нема да добие таков тек како што треба да добие. - Претпоставувам, таа е целта на СДСМ. Тие четири месеци работеа во Парламентот, се договараа, преговараа и наеднаш кога сфатија дека треба да сработат нешто тогаш заедно со другата политичка партија во опозиција Левица одлучија да го блокираат овој процес под изговор да не им е дозволело на дијаспората да гласа, затоа што на тој начин ќе биле украдени изборите. Што во превод значи дека тие се свесни дека на следните парламентарни избори тие ќе доживеат уште еден изборен дебакл, ќе ги загубат, и следната Влада која што ќе биде повторно истата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги подготвува претседателските избори коишто ќе…
Povezane vijesti

ЌЕ КОПАМЕ СВОИ И ЌЕ ЗАРАБОТУВАМЕ, или ќе заминуваме во Европа да копаме по туѓи рудници

Мицкоски ги прекори опозициските партии дека и по неколку дена не усогласиле став за Изборниот законик, СДСМ експресно му одговори
