klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Мицкоски од Пелинце: Илинден не е само датум – народот може да биде напаѓан, но никогаш покорен (ВИДЕО)

Мицкоски од Пелинце: Илинден не е само датум – народот може да биде напаѓан, но никогаш покорен (ВИДЕО)
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·02. 08. 2026. 08:46:33

Илинден не е само датум, туку завет, карактер и најсилен доказ дека постојат народи кои можат да бидат окупирани, напаѓани, предавани и потценувани, но никогаш покорени, порача премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, по повод одбележувањето на националниот празник 2 Август – Илинден, Денот на Републиката. -Слободата не започнува на границите на една држава, туку во срцето на еден народ, истакна Мицкоски, додавајќи дека денес не се одбележува само уште еден празник, туку се оддава почит на идеалите, жртвите и луѓето кои живееле за својот народ, татковината и идните генерации. Премиерот нагласи дека двата Илиндена – Илинденското востание од 1903 година и Првото заседание на АСНОМ во 1944 година – претставуваат една историска целина. -Крушево и АСНОМ не се две различни приказни, туку две страници од истата книга, напишана со вера, храброст и непоколеблива одлучност Македонија да биде своја, достоинствена и слободна, рече Мицкоски. Тој потсети дека во Крушево се родила идејата дека слободата вреди повеќе од животот, а на АСНОМ таа идеја добила своја државотворна форма. Според него, Крушевската Република и АСНОМ се нераскинливо поврзани во историскиот континуитет на македонската државност. Во говорот, Мицкоски им оддаде почит на Никола Карев и Методија Андонов-Ченто…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti