klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани

Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·11. 07. 2026. 10:26:54

Премиерот Христијан Мицкоски денеска при посетата на Општина Охрид изјави дека градот континуирано се развива и добива место какво што заслужува благодарение на инвестициите што се реализираат. -Јас не би имал што да додадам во делот на инвестициите во Охрид од повеќе од тоа што го слушнавме од градоначалникот. Гледаме дека се работи, се инвестира, Охрид се развива и Охрид полека, но сигурно го добива она заслужено место коешто како град му припаѓа, изјави Мицкоски. Тој посочи дека, доколку сè се одвива според планот, автопатската делница Кичево – Охрид ќе биде пуштена во употреба во првиот квартал од следната година. -Мислам дека со пуштањето на автопатската делница којашто ќе ги поврзе Кичево и Охрид, ако биде сè како што треба, во првиот квартал од следната година, а оваа есен очекувам да биде пуштена делницата од Извор до Врбјани, ќе се зголеми делницата којашто ја користат граѓаните како автопатска за уште дополнителни километри, рече премиерот. Според него, тоа ќе придонесе за побрзо патување до Охрид и за зголемување на бројот на туристи. -Очекувам на тој начин да се намали растојанието и времето на патување од неколку градови во Македонија до Охрид и на тој начин уште повеќе туристи да го посетуваат…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti