klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Мицкоски: Од навредите кои Филипче ги упати синоќа од Брвеница, гледаме дека имаме работа со личност која го загубила разумот

Мицкоски: Од навредите кои Филипче ги упати синоќа од Брвеница, гледаме дека имаме работа со личност која го загубила разумот
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·16. 10. 2026. 19:03:29

На денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски кој истакна дека навредите кои Филипче ги упатил синоќа од Брвеница укажуваат дека станува збор за личност која го загубила разумот и како што кажа, предавник кој може да ги продаде и државните интереси. -Изборот на овие избори за Брвеница е помеѓу сигурна иднина за сите граѓани, и избор со кој Брвеница ќе се подели, за жал. Вчера тука беше Венко Филипче. Немаа програма, немаа дела кои ги понудија, но имаа навреди, омаловажувања, арогантен однос. Кажаа некаков проект и освен тоа што видовме неартикулирано викање, беседење и исплашени луѓе на бина, буквално ништо друго не видовме, изјави Мицкоски. Мицкоски е дециден дека Филипче е во состојба да продаде се само за да стигне до фотелја, потенцирајќи дека за опозициската СДС не постои ништо свето. -Тоа се луѓе за кои е докажано дека се печалбари во политиката. Луѓе кои живеат од народот, а не за народот. Дури и го навредија нашиот прерано починат Јовица Илиевски. Има работи кои се свети и има работи за кои мора да има граница. Имам многу што да кажам и да вратам на таквото нечовечко однесување, но барем тој што…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti