Мицкоски: Очекуваме европската интергација да остане процес втемелен на јасни критериуми и вредност, а не оптоварен со билатерални прашања

Изминатите две години Владата покажа дека реформите не се декларативна определба, туку конкретна работа што се мери преку резултати, економски показатели и создавање подобри услови за живеење на граѓаните. Нашата цел е изградба на функционални институции, посилно владеење на правото, поефикасна администрација, конкурента економија. Тоа не го правиме зашто некој го бара од нас, туку зашто веруваме дека е единствениот исправен пат. Во тој процес ја цениме поддршката од ЕУ. Истовремено, очекуваме европската интергација да остане процес што се темели на јасни критериуми, на вредности и на исполнување на реформските обврски, а не процес оптоварен со билатерални прашања, кои создаваат неизвесност и фрустрација кај македонските граѓани - рече денеска премиерот Христијан Мицкоски на заедничка прес-конференција со комесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос. Како што напомена Мицкоски, важно е да постои доверба дека процесот ќе продолжи според истите правила што важат за сите други кандидати и држави што биле кандидати. - Нашата определба останува непромента - ќе продолжиме со реформите, ќе ги зајакнуваме економијата, институциите и владеењето на правото. Остануваме доследни и на ставот дека секое трајно решение треба да биде засновано на заемно почитување, заштита на националното достоинство и јасна предвидлива европска перспектива - истакна прермиерот. Тој оцени…
Povezane vijesti

Kod Rugvice tragaju za troje ljudi! U potragu uključen i HGSS. 'U nedjelju su ušli u Savu...'

UBIO ŽENU, PRIJAVIO NJEN NESTANAK, PA TVRDIO DA JE NEVIN: Jeziv slučaj trese svet, posle 6 godina isplivao sav UŽAS
