Мицкоски: Очекувам во јунскиот извештај да бидеме најдобри исто како во декемврискиот, има уште време за разговори со опозицијата за Изборниот законик

Премиерот Христијан Мицкоски денеска повтори дека очекува во јунскиот извештај на ЕУ да бидеме најдобри исто како и во декемврискиот. Тој уште еднаш повика на разговори со опозицијата за Изборниот законик, за што кажа дека се уште има шанса да биде донесен и да биде исполнет и десетиот чекор од зададениот грејс период. - Oчекувам и во овој јунски извештај да бидеме најдобри, како што бевме и во декемврискиот извештај. Мене ме радува и охрабрува информацијата којашто вчера ја пренесе еден европски медиум дека сè погласни се изјавите од страна на високи европски политичари коишто ќе овозможат топ-ап (top-up), односно додавање на сумата за три земји од Западен Балкан 6 групата, коишто се понапредни во делот на испорачување на реформската агенда. Ние веќе ги дефинираме внатре помеѓу нас приоритетите и врз основа на тие приоритети, доколку бидеме ние вклучени во тие три земји, а очекуваме да бидеме вклучени, ние тие приоритети ќе ги презентираме - рече Мицкоски, кој денеска беше на промоција на нова воена опрема во касарната „Илинден“. Во однос на измените и дополнувањата на Изборниот законик, премиерот кажа дека текстот е целосно усогласен со препораките на ОБСЕ и ОДИХР, но, според него, имаме неодговорно однесување од опозицијата. Уште…


