Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

Очекувам се она што го имаме постигнато во процесот на испорака во Реформската агенда, во многу скоро време да биде валоризирано и да се даде шанса конечно да можеме да го почнеме со процесот на преговори - порача премиерот Христијан Мицкоски во изјавата од Самитот на Берлинскиот процес, што денеска се одржува во Свети Стефан во Црна Гора. - Се испратија силни пораки, од канцеларот Мерц и од канцеларот Штокер којшто ќе биде ко-претседавач на следниот самит. Беше потврдена заложбата и приоритетите дека Западен Балкан треба да биде дел од Европа и треба тоа да се случи многу бргу. Она што за нас како држава е важно е фактот дека ние веќе имаме усогласена надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, дека сме многу напред во испорака кога станува збор за Реформската агента, дека буквално се што се бара од нас, а е поврзано со принципот по испорака да се оценува напредокот, ние тоа го правиме и го испорачуваме - рече Мицкоски во изјава за Националниот сервис. [facebook_post url="https://www.facebook.com/reel/1105017968809586"] Премиерот изрази очекување дека сето ова за коешто зборува да биде во многу скоро време валоризирано и да се даде шанса конечно да можеме да го почнеме со процесот на преговори…
Povezane vijesti

Institut Alternativa: Vlada sakrila informaciju o ispunjenju mjerila i završne pozicije za poglavlja 23 i 24

Трамп го обвини Иран дека ја крева цената на нафтата пред американските избори: „Никогаш нема да има нуклеарно оружје“
