Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди

Компанијата „Кромберг и Шуберт“ започнува нов инвестициски проект каде што во следните четири години се предвидува отворање на нови 2.000 работни места, информира денес премиерот Христијан Мицкоски. -Она коешто тамо ќе се произведува се автомобилски компоненти за германскиот гигант Ауди. Не треба да ве потсетувам што е Ауди и што значи за автомобилската индустрија. Ова е важна инвестиција за Битола, за Пелагонискиот Регион и за целокупната економија, но и потврда дека како држава располагаме со квалификувана работна сила и индустриски капацитети кои можат да одговорат на највисоките европски стандарди. Во фабриката во индустриската зона Жабени ќе се произведуваат системи за нов модел на Ауди, со планиран обем од над 3.000 снопови дневно. Инаку, проектот предвидува и воведување современи технологии и дигитализација на производството. „Кромберг и Шуберт“ досега има реализирано три инвестициски проекти во Жабени. Во Битола до сега се околу 5.300 или 5.280, во Скопје се нешто над 1.700, со овој проект ќе дојдеме веќе до 10.000 вработени. Така што довербата што ја има „Кромберг и Шуберт“ во земјата е огромна, посочи премиерот. За Битола и цела Пелагонија ова значи нов развоен импулс, за локалното стопанство дополнителни можности, а за граѓаните перспектива за стабилна работа и економска сигурност. -Нашата цел…
Povezane vijesti

Заклучно со јуни имаме над 50 милиони странски инвестиции повеќе споредено со истиот период лани, вели премиерот

Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 работни места за производство на делови за „Ауди“
