klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Мицкоски: Нема да навлегувам во било каква дневна дискусија со луѓе кои што се заглавени во минатиот век – за нас се знае што значи македонската историја, културно наследство и посебност

Мицкоски:  Нема да навлегувам во било каква дневна дискусија со луѓе кои што се заглавени во минатиот век – за нас се знае што значи македонската историја, културно наследство и посебност
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·25. 08. 2026. 09:35:32

Нема да навлегувам во било каква дневна дискусија со луѓе кои што се заглавени во минатиот век, со своите политики кои што ги водат, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на изјавите на бугарската претседателка Јулијана Јотова. -Јас замолувам за вниателно следење за тоа што го прави македонската Влада, оваа Влада ги штити интересите на државата и граѓаните. Нема да навлегувам во било каква дневна дискусија со луѓе кои што се заглавени во минатиот век, со своите политики кои што ги водат, рече Мицкоски и додаде: „Мојата цел како политичар и човек е да гледам напред, да гледам како да си ја развивам дртжавата на чија што Влада сум претседател и во таа насока ќе продолжам. За нас се знае што значи македонската историја, културно наследство, посебност, која што со векови е стара, и тука нема никави дилеми“.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti