klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Мицкоски: Некои политички партии од страв од пораз на следните парламентарни избори, го бојкотираат донесувањето на измените на Изборниот законик

Мицкоски: Некои политички партии од страв од пораз на следните парламентарни избори, го бојкотираат донесувањето на измените на Изборниот законик
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·05. 07. 2026. 11:49:07

Премиерот Христијан Мицкоски денеска за време на посетата на Кавадарци изјави дека кај некои политички партии, свесни за поразот на следните парламентарни избори, постои страв и поради тоа се обидуваат да го бојкотираат донесувањето на измените на Изборниот законик, односно го бојкотираат процесот земјата да испорача десет од десет индикатори од Реформската агенда. Мицкоски по поставување камен-темелник на изградба на нов објект во рамки на Спортскиот центар „Јасмин“ во Кавадарци одговарајќи на новинарско прашање за вчерашниот состанок во Парламентот околу можноста да се донесе избрниот законик и да се приближат ставовите на политичките партии нагласи дека по состанокот се помалку е оптимист за ова прашање. -Очигледно е дека кај тие политички партии, свесни за поразот на следните парламентарни избори, постои страв и тие се обидуваат да го бојкотираат процесот за да не испорачаме десет од десет индикатори од Реформската агенда. Во ред девет од десет ќе има, а единствениот преостанат е Изборниот законик. Ние не сакаме тој да се носи со европско знаменце, ниту целиот процес да биде некако изнасилен. Мислевме дека имаме работа со зрели и одговорни луѓе кои се грижат за иднината на земјата, но очигледно е дека партиските интереси, партиското политичко мочуриште, финансиските интереси и некои други…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti