klik.world
Biznis Sjeverna Makedonija

Мицкоски: Не размислуваме за зголемување на цената на електричната енергија

Мицкоски: Не размислуваме за зголемување на цената на електричната енергија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·06. 08. 2026. 10:20:04

Не размислуваме за зголемување на цената на електричната енергија. Ние правиме план како да најдеме формула да ја намалиме или барем евтината тарифа да ја зголемиме, за разлика од најголемиот дел од земјите во Европа коишто планираат да ја зголемат цената на електричната енергија, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир од Коридорот 8, Мицкоски истакна дека Македонија успешно се соочува со предизвиците, како војната во Заливот и сегашната ситуација со нивото на реката Дунав, кои вршат притисоци врз цената на електричната енергија. Притоа порача дека политиката на оваа Влада не е да очајува и да одржува панични прес-конференции, туку да работи тивко, со мали чекори, но успешно и сето тоа да додаде вредност на квалитетот на животот на граѓаните. - Нашите акумулации во овој момент, при крајот на сезоната за наводнување, се околу 70 проценти и имаме речиси 500 гигават-часови акумулирана електрична енергија, сосема доволно за да се чувствуваме безбедни, комотни и да немаме предизвик во делот на снабдувањето со електрична енергија на граѓаните и на индустријата. И нема да правиме панични прес конференции, нема да повикуваме на внимателност во штедењето…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti