klik.world
Zabava Sjeverna Makedonija

Мицкоски: Наместо да прават политичка гимнастика и естрада, СДСМ и Левица да усогласат текст, ние ќе го прифатиме

Мицкоски: Наместо да прават политичка гимнастика и естрада, СДСМ и Левица да усогласат текст, ние ќе го прифатиме
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·08. 07. 2026. 12:46:48

Договорете се, дајте ни текст и ние ќе го прифатиме, нормално, со вклучени препораки на ОБСЕ/ОДИХР и гласање на дијаспората, им порача денеска премиерот Христијан Мицкоски на СДСМ и Левица во врска со измените на Изборниот законик. Тој ги оцени нивните реакции како политичка гимнастика и естрада. Одговарајќи на новинарски прашања по средбата со комесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос, Мицкоски потсети дека на измените се работело посветено неколку месеци во рамки на Парламентот. - Сите пратенички групи работеа и усогласија текст. Текстот беше потпишан од сите, со исклучок на Левица која рече - „ние сме за овој текст, но не сме со вас да се потпишеме заедно на овој предлог“. Сега ова што се случува, последниве неколку дена, е политичка гимнастика и тоа е, претпоставувам, гимнастика за нивните поддржувачи, но суштината и вистината се дека се беше договорено и завршено додека тој предлог не требаше да дојде во Парламентот. Тогаш се појави втората политичка партија, СДСМ, која рече, „ако тие така се однесуват и ние така ќе се однесуваме“. И си најдоа причина зошто тоа да биде така. И едните и другите на отворена сцена се обидуваат од ова да направат естрада, тоа мене не ми се…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti