klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Мицкоски: Македонската Армија добива признание и поддршка за посветеноста од НАТО и ЕУ

Мицкоски: Македонската Армија добива признание и поддршка за посветеноста од НАТО и ЕУ
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·03. 07. 2026. 10:22:54

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, на промоцијата на новата воена опрема во касарната „Илинден“, порача дека Владата останува целосно посветена на модернизацијата на македонската Армија и исполнувањето на обврските кон НАТО. Во своето обраќање, Мицкоски упати благодарност до Европската Унија за донацијата на новата воена опрема, истакнувајќи дека таа претставува признание за професионалноста и посветеноста на македонската Армија како рамноправна членка на НАТО Алијансата. „Европската Унија препознава квалитет и посветеност во македонската Армија. Благодарност до сите што придонесоа оваа донација да стане реалност“, изјави премиерот. Тој им се заблагодари и на Министерството за одбрана, Генералштабот, старешините и војниците за нивната работа и професионалност, оценувајќи дека денешната демонстрација на способностите на Армијата покажала високо ниво на подготвеност. Мицкоски нагласи дека Владата ќе продолжи да ги исполнува сите барања и стандарди на НАТО, потсетувајќи дека неодамнешната посета на главниот командант на вооружените сили на НАТО за Европа, генерал Алексус Гринкевич, претставувала потврда за напредокот што го постигнува земјата во областа на одбраната. Според него, инфраструктурните проекти и средствата што Македонија ги издвојува за одбраната се пример и за други земји-членки на Алијансата. „Во нашиот случај издвојувањата достигнуваат до четири проценти од бруто-домашниот производ. Тоа е цел што ќе се обидеме да ја задржиме…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti