klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Мицкоски: Македонија не е меѓу земјите со дополнителни американски царини, но тоа не значи дека тргува без царини

Мицкоски: Македонија не е меѓу земјите со дополнителни американски царини, но тоа не значи дека тргува без царини
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·26. 07. 2026. 12:08:48

Македонија е меѓу државите кои не добија дополнителни царински давачки од Соединетите Американски Држави, но тоа не значи дека тргува без царини со САД, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги информациите поврзани со царинскиот режим на САД кон земјите од регионот. Одговарајќи на новинарско прашање за изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека царините кон САД се нула додека траат преговорите, Мицкоски рече дека е потребно појаснување на целокупниот процес и потсети на промените во американската царинска политика во изминатиот период. - Јас го следев и тоа и ги гледав и медиумите. Морам да дадам појаснување што е тоа што се случува. Инаку и ние сме во групата на држави кои што не добија дополнителни царини, но тоа не значи дека тргуваме со САД без царини. Мислам, сакам тоа да биде јасно. Во април 2025 година се воведоа оние први царински тарифи. Во таа група ние како држава бевме со 33 проценти тарифи, а до тогаш имавме тарифи кои беа во согласност со Светската трговска организација, исто како што и Србија, исто како и сите други земји во светот - изјави Мицкоски по увидот на градежни активности на изградба на клучката Момин Поток. Тој посочи дека по преговорите со…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti