Мицкоски: Лоша вест за опозицијата, а среќна за граѓаните е дека нема да банкротираме и покрај тоа што ни оставија уништена држава

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на гостувањето во поткастот „Риштази“ се осврна на обвинувањата кои доаѓаат од страна на опозицијата дека државата е пред банкрот и заради тоа се прават позајмици од М-Нав и други институции. -Имам јас лоша вест за опозицијата. Велеа 2024 дека ќе банкротираме и 2025 и 2026 и им велам дека нема да банкротираме и покрај тоа што ни оставија долгови, незавршени проекти, руиниран систем, ограбен систем, понижен систем, систем којшто беше тотално нефункционален. Инаку тоа што овие три државни институции и помогнаа на една друга државна институција е 256 пример во историјата на оваа земја, бидејќи 255 пати во минатото, вклучително и претходната влада, постапувала на ист начин. Исто така имам лоша вест за нив, во август месец тие средства ќе бидат од страна на ЈПДП вратени на овие три институции - истакна Мицкоски.
Povezane vijesti

Сантијаго Кастро за 35 милиони евра во нападот на Рома

Трамп денеска ги пречекува Зеленски и Нетанјаху — за што ќе разговараат на средбите?
