Мицкоски: Има историска градба паралелно на 6 автопатишта

Претседателот на владата Христијан Мицкоски во интервју на Македонската радио телевизија по повод две години мандат вели дека во моментот има историска градба паралелно на 6 автопатишта во Македонија. -Јас сум среќен што можам да кажам дека ние финансиски го затворивме Кичево Охрид конечно, благодарение на еден синдикат креиран од домашните банки, откако не оставија на цедило би рекол условно кинеските заемодаватели. Финансиски за оваа година го затворивме исто благодарение на домашните банки проектот коридор 8 и коридор 10д. Сега бараме на меѓународен пазар следна недела во вторник ЈПДП ќе бара од надворешни заемодаватели сума рамковна за до крајот на проектот со што до крај ќе ги обезбедиме парите. Претходната влада не само што немаше мрднато ништо од тој проект, туку едноставно ги немаше ни финансиски затворено тој проект. Тоа е уште потрагично, значи они ни со експропријација ништо немаа направено, туку тие нема ниту финансии за проектот. И сега кога ќе ме обвинуваат немало пари за тој и тој проект, а што направивте вие? Така што тој го затворивме проект. Добро е што конечно после не знам колку перипетии Блаце - Скопје имаме договор, и конечно после многу години македонска фирма го прави тоа. Добива тендер од Европските банки…


