klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Мицкоски ги повика граѓаните да пријават корупција, ќе има и бесплатна линија

Мицкоски ги повика граѓаните да пријават корупција, ќе има и бесплатна линија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·27. 07. 2026. 20:33:54

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во интервју за подкастот „Риштази“ рече дека во соработка со Министерството за внатрешни работи и реномирана невладина меѓународна организација ќе се отвори линија „Пријави корупција“ каде што граѓаните на кои им е побарано мито ќе можат да пријават. „Ние покажавме и докажавме дека сме подготвени и способни да правиме реформи. И тоа се покажа со декемврискиот извештај од реформската агенда, сега ќе се покаже и во јунскиот, односно на 15 јули репортиравме до самата Европска Унија. Системот, стандардот, реформите го прават луѓето. Еве почнавме со Гостивар, каква сакате направете реформа ако вие имате луѓе кои се неодговорни и кои што се однесуваат неодговорно за бадијала ви е вас таа реформа. Ако ние не сфатиме дека се тргнува од нас, тогаш ние на хартија најбрилијантните реформи ќе ги ставиме ќе ги поминеме низ Влада и низ Парламент и сето тоа ќе биде перфектно, но, ако нема кој да го применува и прифати за бадијала ни е нас. Кога зборуваме за перцепцијата околу корупцијата, ќе споделам со вас еден момент. Пред извесно време ни презентираа една анкета која што е работена од реномирана куќа за реномирана странска институција. И таму во таа анкета беа опфатени локалните институции…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti