klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Мицкоски: Ги исполнуваме обврските од европската агенда, реформите продолжуваат и покрај блокадите на Изборниот законик

Мицкоски: Ги исполнуваме обврските од европската агенда, реформите продолжуваат и покрај блокадите на Изборниот законик
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·17. 07. 2026. 11:14:10

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека на 15 јули до Европската Унија е доставен документ со целосно исполнети и означени обврски, со што, како што вели, уште еднаш покажавме дека реформскиот процес го водиме одговорно, транспарентно и со јасна посветеност кон исполнување на европската агенда. - Уверен сум дека во динамиката на реализацијата ќе бидеме далеку пред многу други и покрај обидите процесот да биде забавен преку блокирањето на Изборниот законик. Нашата определба останува непроменета, реформите ќе продолжат, затоа што тие се во интерес на државата, институциите и граѓаните - напиша Мицкоски на својот фејсбук-профил. Воедно, премиерот информира дека попладнево ќе присуствува на одбележувањето на роденденот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола. - А вечерва ќе бидам дел од атмосферата на „Пиво-фест“ во Прилеп, каде што ќе имам можност да се сретнам и да разговарам со голем број граѓани. Продолжуваме посветено и забрзано за Македонија! - вели во објавата премиерот Мицкоски.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti