klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Мицкоски: Ги имам предлозите за нови министри од Влен и ЗНАМ, за мене тие се сосема во ред

Мицкоски: Ги имам предлозите за нови министри од Влен и ЗНАМ, за мене тие се сосема во ред
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·01. 07. 2026. 10:41:19

Мицкоски не ги откри нивните имиња, велејќи дека им остава на коалициските партнери тие да ги соопштат, но, како што додаде, за него предложените кадри од двете партии се сосема во ред. „Да, ги имам предлозите и за новите министри од Влен и од партијата ЗНАМ, но ќе оставам, еве, тие да ги кажат, да не ги кажувам јас. За мене тие предлози се сосема во ред и очекувам да имаме уште поуспешна работа во новиот состав на Владата“, изјави премиерот Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за време на денешната посета на Општина Кисела Вода, каде што изврши увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит. Во одговор на дополнително прашање дали од Влен имаат доставено предлог за прв човек во Министерството за односи меѓу заедниците, Мицкоски потврди дека имаат доставено персонални решенија и за ова и за министерствата за правда и за култура и туризам, ресори кои во разговорите за реконструкцијата ги доби оваа партија. Лидерот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, вчера попладне на прес-конференција соопшти дека партијата со владината реконструкција ќе го добие ресорот Земјоделство, шумарство и водостопанство, во замена за Министерството за правда, со кое досега раководеше Игор Филков, исто така, кадар на…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti