Мицкоски: Денес и Левица и СДСМ се борат против Изборниот законик, и против дијаспората да гласа, знаат дека ќе загубат на изборите

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за „Тема на денот“ во Дневникот на Сител телевизија говорејќи за Изборниот законик истакна дека СДСМ и Левица се борат против Изборниот законик и против гласањето на дијаспората, затоа што се свесни дека ќе загубат на изборите. „Суштината е да обезбедиме поголема излезност на дијаспората, поголема комуникација меѓу татковината и дијаспората, затоа што целта ни е да ги вратиме тие луѓе, ова ќе им биде еден мост, едно чувство дека тие учествуваат во политиките во сопствената држава, во татковината од која поради икс причини заминале. Сега некој се одлучи да прави филибастеринг и да не го дозволи правото на дијаспората да се чувствува како да е дома. Не слушнав ниту еден аргумент како ќе се направи тој изборен грабеж“, потенцираше премиерот Мицкоски. Премиерот Мицкоски додаде дека СДСМ немаат аргументи и не кажуваат како би се случил изборен грабеж, но тоа што кажуваат е дека се свесни дека ќе бидат опозиција во 2029 година. „Тие однапред признаваат од денешна оптика дека тогаш ќе бидат опозиција. Тој губитнички менталитет не го разбирам, но тие го имаат тој губитнички менталитет. Наше е како власт, како што беа локалните избори, ако ги гледате ние имавме скандинавски локални…


