klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Мицевски: СДСМ без објаснување не го прифати моделот за електронско гласање на дијаспората

Мицевски: СДСМ без објаснување не го прифати моделот за електронско гласање на дијаспората
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·01. 07. 2026. 13:41:21

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, денеска изјави дека не е постигнат договор за Изборниот законик на средбата со координаторите на пратеничките групи и со пратениците што не се организирани во пратенички групи, а кои учествувале во работната група за Изборниот законик. Мицевски рече дека СДСМ без објаснување останал на ставот дека не го поддржува моделот за електронско гласање на дијаспората. Очекува, според најавите, за измените на Изборниот законик да бидат поднесени 10.000 амандамни од СДСМ и 3.000 од Левицата. Седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на која на дневен ред е амандманата расправа за измените, е закажана за 14 часот. - Иако имаше поместување на точките по одредени заклучоци за кои имаше забелешки, она што остана како точка преку која не можеше да се помине е забелешката на СДСМ за електронското гласање на дијаспората. Моделот кој е во Изборниот законик е неприфатлив за СДСМ и со жалење можам да констатирам дека разговорите завршија неуспешно. Од таа причина денеска се закажува и Комисијата за политички систем, на која што, како што најавија, очекувам дека ќе има блокада од страна на СДСМ и на Левицата. Морам да ги информирам граѓаните дека се направија сите обиди…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti