Мицевски: Почна реконструкцијата на патот Добри Дол – Марков Манастир

Во Општина Сопиште започнаа градежните активности за реконструкција на првата фаза од патниот правец Добри Дол – Марков Манастир, во должина од 500 метри. Проектот предвидува и изградба на атмосферско одводнување на улицата, со што, како што информира градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски, ќе се подобрат условите за движење, безбедноста и целокупната инфраструктура за жителите. Мицевски преку објава на социјалните мрежи посочи дека реализацијата на проектот претставува исполнување на уште едно ветување од политичката програма. [facebook_post url="https://www.facebook.com/jane.micevski.2025/posts/pfbid0SSvfjF4UxDqcYGeps4wEZ4G9a8JifoVvjY4u7jAG57oVyTEkX1dhy3MS72Zebbisl"] „Ова е реализација на уште едно ветување од нашата политичка програма – ветување кое го претвораме во конкретен резултат на терен“, порача Мицевски. Тој упати благодарност до Владата и Министерството за транспорт и врски за поддршката и соработката во реализацијата на проектот. Од Општина Сопиште најавуваат дека продолжуваат со реализација на инфраструктурни проекти, со фокус на подобрување на условите за живот на граѓаните. „Продолжуваме посветено – проект по проект, ветување по ветување, за развој и подобар живот во Општина Сопиште“, порача градоначалникот Мицевски.


