klik.world
Region Sjeverna Makedonija

МИА во Приштина: Градот на високи цени, убави жени и осум века пишана историја

МИА во Приштина: Градот на високи цени, убави жени и осум века пишана историја
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·02. 07. 2026. 09:11:12

Маркетите, пак, се поскапи нешто повеќе од нашите, особено зеленчукот и овошјето: килограм компир е едно евро, килограм банани околу 1,5 евра. Векна обичен, бел леб е 39 денари, сто грама мисиркина-говедска салама е 96 денари, 200 грама пилешки паризер 68 денари, пола килограм виршли 185 денари (производи од свинско месо има, но изборот е ограничен), кесичка чипс околу сто денари, литар масло за јадење е 118 денари, пиперките чинат од 114 до 190 денари, доматите се над сто денари, килограм јунешко месо е од осум до 12 евра... Покрај секој производ е знамето на земјата на потекло и сè се плаќа исклучиво во евра. Патем, просечната плата во бруто износ е околу 700 евра. Кога од тоа би се одзеле 33 отсто, колку што изнесуваат давачките кај нас, би се добиле околу 500 евра нето плата. Сепак, на Косово нето платата е повисока, затоа што одбивањата се помали, но пота низа услуги граѓанинот сам си ги плаќа.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti