klik.world
Biznis Sjeverna Makedonija

МФ: Транспарентно и одговорно управуваме со јавните финасии, издавањето на државните хартии од вредност е согласно планот од Буџетот и објавениот Календар за емисии на ДХВ

МФ: Транспарентно и одговорно управуваме со јавните финасии, издавањето на државните хартии од вредност е согласно планот од Буџетот и објавениот Календар за емисии на ДХВ
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·05. 08. 2026. 12:06:15

Министерството за финансии информира дека издавањето на државните хартии од вредност коишто од денеска котираат на официјалниот пазар на Македонска берза се дел од планираното задолжување на домашниот пазар согласно усвоениот Буџет и Ребаланс за 2026 година во Собранието. Дополнително издавањето на овие емисии на државни хартии од вредност се транспарентно објавени на веб страницата на Министерството за финансии во календарот на аукции на државни хартии од вредност за третиот и четвртиот квартал, којшто се објавува во текот на јуни 2026 година. Исто така, транспарентно на веб страницата се објавени и проспектите за одржување на аукциите со условите и датумот на одржување. Имено, денеска, претходно МФ објави податоци за реализацијата на Буџетот за периодот 01 јануари-31 јули 2026 година согласно кои приходите во Буџетот се прибираат согласно планот и бележат раст во споредба со истиот период претходната година и истовремено навремено се сервисираат обврските. Податоците за реализација на Буџетот за 2026 година покажуваат дека вкупните приходи заклучно со 31 јули се реализирани во износ од 204,553 милијарди денари што е 53,9% од планираното и бележат раст од 9,3% во споредба со истиот период претходната година. Приходите од даноци, како изворни приходи, се реализирани во износ од 117,963 милијарди денари или…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti