klik.world
Biznis Sjeverna Makedonija

МФ: Изворните приходи од даноци во Буџетот се реализираат согласно планираното

МФ: Изворните приходи од даноци во Буџетот се реализираат согласно планираното
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·05. 08. 2026. 08:25:29

Приходите во Буџетот од почетокот на годината се прибираат согласно планот и со раст во споредба со претходната година. Истовремено и на расходната страна се исплаќаат обврските согласно планираното. Податоците за реализација на Буџетот за 2026 година на заклучно со 31 јули 2026 година покажуваат дека вкупните приходи се реализирани во износ од 204,553 милијарди денари што е 53,9% од планираното и бележат раст од 9,3% во споредба со истиот период претходната година. Приходите од даноци, како изворни приходи, се реализирани во износ од 117,963 милијарди денари или 55,33% од планот и со раст во споредба со истиот период претходната година од 10%. Кај даночните приходи најголема реализација согласно планот од 62,8% е евидентирана кај Данокот на добивка од којшто во Буџетот се слеани 16,687 милијарди денари што е раст од 20,6% во споредба со седумте месеци од 2025 година. Реализација од 56,78% од планираното има кај ДДВ со остварени 53,026 милијарди денари или раст од 13,4% во споредба со периодот 01.01.-31.07.2025 година. Од Данок на личен доход се остварени 20,925 милијарди денари или 53,93% од планот и раст во споредба со истиот период лани од 11,9%. Увозните давачки се реализирани во износ од 9,361 милијарди денари што претставува 56,4%…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti