klik.world
Biznis Sjeverna Makedonija

МФ: Четириесет и еден предлог проект на првата конечна приоритетна листа за јавни инвестиции – поефикасно планирање и управување со капиталните проекти

МФ: Четириесет и еден предлог проект на првата конечна приоритетна листа за јавни инвестиции – поефикасно планирање и управување со капиталните проекти
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·10. 08. 2026. 10:26:38

Четириесет и еден предлог проект содржи Првата конечна приоритетна листа на предлог проекти за јавни инвестиции, што на предлог на Министерството за финансии и Комитетот за јавни инвестиции ја усвои Владата. Листата ги содржи предлог проектните идеи подготвени и проверени од страна на иницијаторот, односно институцијата којашто го има доставено, а потоа оценети од страна на Министерството за финансии и одобрени од Комитетот за јавни инвестиции. Министерството за финансии по донесување на Уредбата за управување со јавни инвестиции започна со прибирање предлог-проектни идеи со средна и голема вредност, односно над 5 милиони евра, на коишто Министерството за финансии изврши детална проверка од аспект на комплетноста на документацијата, квалитетот на доставените податоци, стратешката релевантност и основната подготвеност на проектната идеја за понатамошна разработка и врз основа на таа анализа изготви Листа на предлог проектни идеи за јавни инвестиции и мислење за финансиските аспекти, одржливоста и изводливоста на предлог проектна идеја којашто беше доставена до Комитетот за јавни инвестиции на одобрување и доставување до Владата на усвојување. На листата се содржани проекти од областа на инфраструктурата, образованието, здравството, енергетика, дигитализација, како и проекти од областа на земјоделството и водостопанството. Првата конечна приоритетна листа, којашто е усвоена, ќе биде клучна основа за дефинирање…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti