klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Метеоролозите предвидуваат „невиден“ Ел Нињо: 2027-ма ќе биде најтоплата година досега

Метеоролозите предвидуваат „невиден“ Ел Нињо: 2027-ма ќе биде најтоплата година досега
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·21. 08. 2026. 18:00:40

Метеоролошката служба на Велика Британија предупреди дека феноменот Ел Нињо, кој се развива над Тихиот Океан, веројатно ќе биде најсилниот во поновата историја. Моќниот природен климатски феномен предизвикува раст на глобалните температури и може да го зголеми ризикот од екстремни метеорлошки настани, објавува BBC Weather. Со ефектите од климатските промени предизвикани од човекот, Метеоролошката служба на Велика Британија оценува дека 2027 година веројатно ќе биде најтоплата година досега. - Мора да бидеме јасни: ова е невиден настан. Никогаш не сум видел толку силен сигнал за Ел Нињо во нашите прогнози, изјави професорот Адам Скеиф, раководител на долгорочното предвидување во Метеоролошката служба. Ел Нињо е природен метеоролошки феномен што се јавува на секои две до седум години и трае околу една година. Научниците обично прогласуваат Ел Нињо кога температурите на површината на морето во клучен дел од Тихиот Океан се за 0,5 степени или повеќе над повеќегодишниот просек. Сепак, сегашните мерења покажуваат дека тие се повеќе од два степена над нормалата, а најновите прогнози од британската Метеоролошка служба сугерираат дека ова затоплување би можело да надмине три степени, додека Ел Нињо се приближува до својот врв. Тоа би било без преседан во метеоролошките записи што датираат од 1950 година, и веројатно…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti