klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Меси се огласи прв пат по поразот во финалето на СП

Меси се огласи прв пат по поразот во финалето на СП
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Бошко Тасиќ·21. 07. 2026. 05:28:02

Нецели 24 часа по поразот во финалето на СП во фудбал, со реакција на социјалните мрежи се јави капитенот на Аргентина, Лионел Меси. „Болката е огромна и ќе биде потребно време оваа рана да заздрави. Но, исто така ги ценам сите добри работи… Натпреварите во кои направивме пресмрт на резултатот давајќи се од себе, што ќе остане во нашите сеќавања засекогаш, и поддршката од целата нација која, со напорната работа и трудот на оваа група, ни овозможи повторно да бидеме меѓу најдобрите во светот. Денес е тешко целосно да се разбере големината на нашиот успех, но оваа група стигна до две последователни финалиња на СП. Ви благодарам од дното на моето срце за секој поздрав и секоја порака. Уште еднаш, успеавме да се обединиме како нација и да бидеме заедно, споделувајќи ја огромната гордост што сме Аргентинци. Исто така, сакам да ѝ честитам на Шпанија за освојувањето на титулата“, напиша Меси.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti