klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Меси ги охрабри соиграчите пред второто полувреме: „Ајде да ја одиграме!“

Меси ги охрабри соиграчите пред второто полувреме: „Ајде да ја одиграме!“
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Дејан Донев·19. 07. 2026. 20:36:34

Лионел Меси ги собра и ги охрабри своите соиграчи во тунелот пред почетокот на второто полувреме од финалето против Шпанија. Додека аргентинските фудбалери го чекаа моментот повторно да излезат на теренот, капитенот им упати кратка, но силна порака: „Ајде да ја одиграме, ајде да ја одиграме! Напред!“ Неговите зборови беа проследени со аплауз од останатите репрезентативци. Пораката на Меси имаше цел да ја подигне енергијата во тимот, кој во првото полувреме не успеа да ја наметне својата игра. По неколкуте обиди Аргентина да ги помести линиите напред, натпреварот главно се одвиваше на средината на теренот, каде што Шпанија појасно го контролираше поседот. Во првиот дел немаше многу изгледни шанси. Емилијано „Дибу“ Мартинез ја сочува Аргентина со интервенции по ударите на Ламин Јамал и Микел Ојарзабал. По паузата за хидратација, избраниците на Лионел Скалони се повлекоа неколку метри, Меси остана отсечен во нападот, а Хулијан Алварез потроши многу енергија во пресингот против сигурната и добро организирана шпанска одбрана. Лошата вест за Аргентина стигна пред крајот на првото полувреме, кога Лисандро Мартинез поради повреда мораше да го напушти теренот. На негово место влезе Николас Отаменди.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti