Месечниот број на издадени електронски услуги зголемен за 892 отсто

За две години покажавме дека дигиталната трансформација не е апстрактен концепт, туку дека значи извод без шалтер, уверение без губење денови, лиценца што се проверува со QR код, институции што разменуваат податоци меѓу себе, помалку документи и повеќе услуги на едно место, побрза администрација, пголема сајбер безбедност, повеќе дигитални вештини и можности за младите, како и повеќе доверба во институциите, рече денеска министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Во отчетот за сработеното, Андоновски ги претстави 11-те клучни приоритети преку кои се водеше дигиталната трансформација во изминатите две години. - Првиот приоритет е Националниот портал за електронски услуги, чиј развој најдобро се гледа преку растот на бројот на услуги, корисници и поднесени барања. Вториот приоритет се центрите за услуги, чиј број се зголеми од 5 во 2024 година на 16 денес, со цел државата да биде поблиску и до граѓаните на кои им е потребна директна поддршка. Третиот приоритет е интероперабилноста - размената на податоци меѓу институциите. Месечниот број на трансакции преку Платформата за интероперабилност се зголеми од околу 708.000 на речиси 4 милиони, што претставува раст од 460 проценти. Четвртиот приоритет е електронското работење во администрацијата преку еДМС, каде бројот на институции приклучени на системот се зголеми од 22 во…
Povezane vijesti

Андоновски: Темелите се поставени, продолжуваме со дигитализацијата и унапредувањето на услугите

Андоновски со отчет за дигитализацијата: Македонија со скок од 22 места на индексот на Светска банка
