Svijet Sjeverna Makedonija
МЕРМС организира свеченост по повод Денот на рударите

Kurir.mk·Валентина Стојановска·26. 08. 2026. 07:48:24
По повод Денот на рударите, во организација на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), денеска во хотел „Александар Палас“ во Скопје ќе биде одржана свеченост посветена на одбележувањето на празникот на рударите. На свеченоста ќе бидат доделени пофалници и признанија на најуспешните рудари за нивниот ангажман, посветеност и придонес во текот на 2025/2026 година. Со овој настан, како што нагласуваат од МЕРМС, се оддава признание на трудот и посветеноста на рударите, како и на нивната значајна улога во развојот на рударскиот сектор и економијата.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.


