klik.world
Tehnologija Sjeverna Makedonija

Мерцедес слави 100 години

KLIK.
Kurir.mk·Тале Кристо·26. 06. 2026. 14:45:03

Оваа година, „Мерцедес-Бенц“ слави 100 години од основањето на брендот. Можеби еден од најпрепознатливите автомобилски симболи во светот е создаден по основањето на „Дајмлер-Бенц АГ (Daimler-Benz AG)“ на 28. и 29 јуни 1926 година. Важен миг во создавањето на идентитетот на брендот се случи и на 21 август 1926, кога беше регистриран заштитен знак што ги спои двете компании. Овој амблем сè уште се користи на возилата на „Мерцедес-Бенц“ денес и е еден од најпрепознатливите симболи во светот. Спојувањето на „Бенц“ и „Дајмлер“, т.е. основањето на „Дајмлер-Бенц АГ“ ги соедини традициите на два пионери на автомобилската индустрија - Карл Бенц и Готлиб Дајмлер. Бенц поднесе патент за првиот автомобил во светот во 1886 година, додека Дајмлер ја изгради својата „моторизирана кочија“ со четири тркала истата година. Името „Мерцедес-Бенц“ беше регистрирано како трговска марка на 25 април 1925 година. „Мерцедес-Бенц“ уште од самиот почеток нагласуваше техничка извонредност, иновативност, квалитет и безбедност. Ова беше потврдено истата година на Саемот за автомобили во Берлин, одржан од 29 октомври до 7 ноември 1926 година, со првите модели на „8/38 ПС (W 02)“ и „12/55 ПС (W 03)“. На саемот беше претставен и „Модел К“ - спортскиот предводник на брендот, којшто по успехот во трките…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti