Мелони изрази солидарност со силите на редот по протестите во Милано

Италијанската премиерка Џорџа Мелони по судирите за време на протестите на улиците на Милано, денеска изрази солидарност со силите на законот и редот, додека градоначалникот на тој град, Џузепе Сала, изрази голема загриженост. -Членовите на силите на редот повторно се соочија со насилството на криминалците кои, дури и преку организирани групи, ги злоупотребуваат демонстрациите за да предизвикаат конфликти и да сеат хаос, напиша Мелони на социјалните мрежи. Таа изрази целосна солидарност и искрена благодарност до силите на законот и редот, додавајќи дека тие се таму за да ги заштитат граѓаните, работниците, сопствениците на продавници и сите оние кои имаат право да живеат во својот град без страв и без да гледаат како го уништуваат групи насилници, објави агенцијата Аднкронос.
