Sport Sjeverna Makedonija
Мехмедовиќ си замина од Е. Пелистер

Kurir.mk·Бошко Тасиќ·25. 08. 2026. 04:36:22
РК E.Пелистер и Омер Мехмедовиќ се разделија, и тоа пред босанскиот ракометар да одигра и еден официјален натпревар во дресот на битолскиот клуб. Мехмедовиќ во текот на летото беше промовиран како ново засилување на Е. Пелистер и ги започна подготовките со екипата, но најверојатно не успеа да се вклопи во системот на новиот тренер Лино Червар. Двете страни постигнаа договор за прекин на соработката, па Мехмедовиќ веќе нема да биде дел од тимот кој се подготвуваше за новата сезона.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

