klik.world
Kultura Sjeverna Makedonija

Меѓународен фестивал на народна песна – „Тумба фест Куманово 2026“

Меѓународен фестивал на народна песна – „Тумба фест Куманово 2026“
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·25. 08. 2026. 08:27:17

На кумановскиот градски плоштад, се одржа 14 издание на фестивалот на народна хумористична песна, „Тумба фест 2026 Куманово“, во организација на Здружението за уметност, култура и заштита на културното наследство – „Етно ризница“ Куманово, со поддршка на Фондацијата за култура и спорт Куманово и Општината. Љубителите на музичката уметност имаа можност да проследат 16 фестивалски рефрени, напишани на повеќе дијалекти од македонско и српско поднебје, во изведба на музички уметници од Македонија, Србија и Германија: Ленче Кукиќ, Ташко Каранфиловски и „Астра бенд“, Нино Величковски, Катерина Мицанова, Марјан Драгиќ, Катерина Брезева и „Соната“, Матео Шваст, „Савршен дан“, Боби Амадеус и Татјана Јовановска, Василија Петрова, Јованка ЈО, Круме Спасовски и Владо Дојчиновски, Виктор Димитриевски, Борче Наумовски – министерот, Мишко Микеле Србиновски, Кире Науновски, Сашо Трајковски и Вукица Челебиева. На сите учесници и покровители им беа доделени благодарници за нивната посветеност, поддршка и учество на манифестацијата, а наградата за најслушана песна меѓу двата фестивала ја понесе Раде Младеновски, за песната „Ракија“, композиција потпишана од Ристо Самарџиев и Цане Петров. Наградата за трајни вредности и припадна на познатата македонска вокална интерпретаторка, Ленче Кукиќ, за популаризација на македонската народна песна и за промоција на фестивалот со реноме, „Тумба фест“, музички настан кој е заштитен знак…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti