klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Мега-скандал во Украина: Си купил 143 станови по цена на мобилен телефон

Мега-скандал во Украина: Си купил 143 станови по цена на мобилен телефон
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·20. 07. 2026. 09:55:01

Во чувствително време кога Украинците протестираат поради разрешувањето на популарниот министер за одбрана, откриен е нов голем корупциски скандал. Братот на првиот човек на Државното биро за истраги купувал десетици станови и имоти по цена на мобилен телефон. Не за квадрат, за цел стан. Суд им забрани на медиумите да пишуваат за случајот. Во центарот на скандалот се Олексиј Сухачев, шефот на Државното биро за истраги (ДБР) и неговиот брат Олександр, кој води разни бизниси. Осум големи украински медиуми ја прекршиле забраната да се пишува било што за случајот и координирано го објавија извештајот од истражувачката платформа Slidstvo и антикорупцискиот центар AntAC. Тие тврдат дека Олександр Сухачев во периодот од 2018 до 2020 година по ненормално ниски цени купил 143 станови, деловни простории и други имоти во два станбени проекти во Харков изградени од инвеститорот „Строј Сити“. За првата тура од 30 стана Сухачев платил вкупно 39.300 долари, односно помеѓу 932 и 1.856 долари за еден стан. Само два дена подоцна, купил уште 28 станови за помалку од 33.000 долари – севкупно 58 станови во Харков за 72.000 долари. Ако ги купувал по пазарна цена, која во тој период била околу 800 долари за квадратен метар, со тие пари би…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti