klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Мега паркот во Бутел во завршна фаза, нова зелена оаза за граѓаните

Мега паркот во Бутел во завршна фаза, нова зелена оаза за граѓаните
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·25. 06. 2026. 18:09:25

Изградбата на новиот мега парк во Општина Бутел е во завршна фаза, а наскоро овој современ зелен простор ќе биде ставен во функција и предаден на користење на граѓаните, информираат од Град Скопје. На површина од 8.000 квадратни метри, просторот кој со години беше запуштен и неискористен се трансформира во модерна зелена оаза, наменета за одмор, рекреација и дружење на сите генерации. Паркот ќе располага со богато хортикултурно уредување, пешачки патеки, детски игралишта, фитнес зони и урбана опрема, создавајќи пријатна и безбедна средина за секојдневен престој на граѓаните. Реализацијата на овој проект претставува уште еден значаен чекор кон создавање позелено, почисто и поквалитетно урбано опкружување, како дел од заложбите за унапредување на јавните простори и подобрување на квалитетот на живот во Скопје. Мега паркот во Бутел наскоро ќе ги отвори своите врати за граѓаните, нудејќи ново место за рекреација, спорт и семејни активности.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti