klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Меџити се сретна со австрискиот амбасадор Памер: Во фокусот соработката и евроинтеграциите

Меџити се сретна со австрискиот амбасадор Памер: Во фокусот соработката и евроинтеграциите
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·15. 07. 2026. 16:44:25

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денес оствари средба со амбасадорот на Република Австрија во Република Северна Македонија, г. Мартин Памер. За време на средбата се разговараше за актуелните случувања, досегашната соработка и можностите за нејзино понатамошно продлабочување во области од заеднички интерес. Беше истакната и континуираната поддршка на Австрија за реформските процеси и европската интеграција на државата. „Австрија останува наш значаен партнер и важен сојузник на патот кон Европската Унија. Верувам дека преку меѓусебен дијалог и соработка ќе продолжиме да градиме иницијативи што носат конкретни придобивки за граѓаните,“ изјави Меџити.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti