klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Меџити: Обединетото Кралство останува важен партнер, ја цениме поддршката за зајакнување на институциите и демократските процеси во нашата држава

Меџити: Обединетото Кралство останува важен партнер, ја цениме поддршката за зајакнување на институциите и демократските процеси во нашата држава
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·14. 07. 2026. 20:20:32

Градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, денеска оствари средба со амбасадорот на Обединетото Кралство во Република Македонија, Метју Лосон, на која се разговараше за досегашната соработка и можностите за нејзино понатамошно унапредување, соопштија вечерва од локалната самоуправа. На средбата било истакнато значењето на партнерството изградено врз меѓусебна доверба, поддршката на демократските процеси, институционалниот развој и заедничката посветеност на вредностите што ги поврзуваат двете земји. - Дипломатските средби имаат вистинска вредност кога резултираат со силни партнерства и меѓусебна доверба. Обединетото Кралство останува важен партнер и ја цениме неговата континуирана поддршка за зајакнување на институциите и демократските процеси во нашата држава - се истакнува во пишаната изјава на Меџити.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti