klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·26. 07. 2026. 14:02:23

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и Јулија Циборовски, внуката на истакнатиот полски урбанист Адолф Циборовски, денес во Старата скопска чаршија ја открија спомен-плочата посветена на Циборовски, во знак на благодарност за неговиот придонес во обновата на Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година и за неговата посветеност на зачувувањето на историското наследство на градот. Во своето обраќање, градоначалникот Меџити ја истакна важноста од негувањето на историската меморија и оддавањето признание на личностите кои оставиле трајна вредност во развојот на Скопје. „Адолф Циборовски беше еден од оние луѓе кои разбраа дека градот не се гради само со создавање на новото, туку и со зачувување на она што го прави единствен. Неговиот придонес во зачувувањето на Старата скопска чаршија останува дел од историјата на Скопје, а спомен-плочата што денес ја откривме е израз на нашата благодарност за неговата визија и посветеност“, изјави Меџити. За време на настанот беше истакнато значењето на меѓународната солидарност во обновата на Скопје по земјотресот во 1963 година, како и потребата од зачувување на историското и културното наследство како нераскинлив дел од идентитетот на градот и неговата колективна меморија.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti