klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Меџити го пречека Или Лимани и заедно го посетија кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“

Меџити го пречека Или Лимани и заедно го посетија кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·17. 07. 2026. 12:23:31

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, го пречека познатиот албански пејач Или Лимани, со кого го посетија новиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“, каде одблизу се запознаа со текот на изградбата на еден од најголемите инвестициони проекти во високото образование на албански јазик во државата. За време на посетата се разговараше за значењето на вложувањето во образованието, создавањето можности за младите и улогата што уметноста, културата и образованието ја имаат во градењето на едно поразвиено општество. „Инвестирањето во знаење е најважната инвестиција за иднината. Ми претставува особено задоволство што успешни уметници како Или Лимани се блиску до младите и претставуваат позитивен пример преку својот труд, талент и посветеност,“ изјави Меџити. На крајот од средбата, Меџити му посака успешен концерт во Скопје и многу понатамошни успеси во неговата музичка кариера.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti