Меџити ги пречека делегациите на Меѓународниот фолклорен фестивал „Фолклорните вечери на Чаршијата“

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити ги пречека делегациите на фолклорните ансамбли од повеќе земји во светот, кои учествуваат на 21. издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Фолклорните вечери на Чаршијата“. За време на средбата, Меџити им посака добредојде на учесниците, истакнувајќи го значењето на фестивалот како мост што ги поврзува културите, традициите и народите преку уметноста и фолклорот. -Овој фестивал е доказ дека културата е универзален јазик што ги зближува луѓето и гради мостови на пријателство меѓу народите. Чаир останува посветен на поддршката на иницијативи кои го промовираат културното наследство и меѓукултурниот дијалог, изјави Меџити. Фестивалот, во организација на Ансамблот за народни песни и игри „Ибе Паликуќи“, под раководство на Веби Амза, веќе 21 година е дел од културниот живот на Скопје и продолжува Старата чаршија да ја претвора во место каде што се среќаваат културите и традициите од различни земји.
Povezane vijesti

Tinejdžer optužen da je u Poljskoj sprovodio sabotaže za Rusiju
Меџити ги пречека делегациите на Меѓународниот фолклорен фестивал „Фолклорните вечери на Чаршијата“
